Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Новата владина коалиција предизвикува потреси и во Собранието

/

Македонија

Сподели преку :

Пратеникот Скендер Реџепи-Зејд најави дека како пратеник на Алтернатива утре ќе се повлече од позицијата координатор на заедничката пратеничка група со Алијанса на Албанците.

-Врз основа на новите политички случувања и одлуката на Централното собрание на Алтернатива дека ние како политички субјект се приклучуваме кон извршната власт и парламентарното мнозинство, утре и официјално ќе го информирам претседателот на Собранието на Северна Македонија дека се повлекувам од функцијата координатор на пратеничката група Алтернатива/Алијанса за Албанците, соопшти Скендер Реџепи.

Собраниското дејствување на пратениците на Алтернатива ќе се решава согласно новиот договор за парламентарно мнозинство, објасни Реџепи и се заблагодари на соработката на пратениците од Алијанса со кои беа во иста коалициона пратеничка група.

-Почит до сите пратеници на коалицијата и ви благодарам за досегашната соработка и добрите меѓучовечки односи, напиша пратеникот Скендер Реџепи.

Пратеничката група на Алијанса/Алтернатива имаше 12 пратеници. 8-мина се од Алијанса, 4-ца од партијата водена од Африм Гаши кој што договори влез во владината коалиција. Според деловникот за формирање на пратеничка група се потребни 5 пратеници, а Алтернатива има еден помалку.

Гаши: Како млад имав бенд кој се викаше „Празни џебови“

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека во младите денови формирал музички бенд кој се викал „Празни џебови“. На прашање, пак до Гаши, што ќе каже сега збунетиот албански гласач кога тој „договорил да си ги наполни џебовите партиципирајќи во централната власт“, а веќе кажа дека на локално ниво ќе соработува со Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ,… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2