Постојниот Комитет на Бернската Конвенција при Советот на Европа, ја усвои одлуката да се отвори случајот кој го поднесе Фронт 21/42 за заканите врз Охридското Езеро и Галичица.
Ваквата одлука следи откако Фронт 21/42 ги презентираше аргументите од жалбата пред Комитетот и државите потписнички на Конвенцијата.
Претставникот на државата извести за мерките за заштита кои ги спроведува земјата.
Наводите во жалбата и извештаите на Фронт 21/42 ги потврдија и телата на двете други меѓународни конвенции кои го заштитуваат нашето најголемо природно богатство – УНЕСКО и Рамсарската Конвенција.
„И покрај неколкуте интересни активности за кои извести Владата, Комитетот беше длабоко загрижен за состојбата на двете подрачја опишана од страна на подносителот на жалбата и меѓународните организации. Следејќи го барањето на подносителот на жалбата, кое беше поддржано од неколку држави-потписнички, Постојниот Комитет одлучи да ја унапреди жалбата во отворен случај“ – соопшти комитетот на Бернската конвенција при Советот на Европа.
Воедно УНЕСКО ја сподели загриженоста од одлуката на Комитетот за Светско наследство да не го впише Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност, додавајќи дека аргументите за прогласување на подрачјето за наследство во опасност се неспорни, а државата веќе доби дополнително време. УНЕСКО и Рамската конвенција се со поддршка за отворањето на случајот.
Со нова препорака за Македонија која се однесува на заштитените подрачја е и Маврово во која која се бара државата да ги суспендира доделените и планираните хидроцентрали.
Државата треба во најккус можен рок да даде приоритет на заштитата на природата преку построга законска рамка која ќе обезбеди заштита на природното наследство и здравјето на луѓето.
Нина Стефанова