Вести Македонија Најважни

Последен поздрав за жртвите од автобуската несреќа, семејствата бараат одговори, граѓаните правда

Двата воени авиони од Софија во Скопје долетаа на пладне. Со ова заврши и последниот пат на 45 те жртви кои загинаа на кобното патување од истанбул, во автобусот кој се запали на автопатот струма во Бугарија.

Имињата ниту годините никој официјално не им ги објави и покрај тоа што на пречекот на посмртните останки беше целиот државен врв, од претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, првиот вице премиер Артан Груби, неколку министри од земјава но и Косово но и поглаварот на исламската верска заедница.

Меѓу првите кои им оддадоа почит на семејствата беа токму Четворицата пилоти од двата воени авиони.

Она што се знае пак е дека меѓу починатите има 12 деца чиј живот прерано згасна, многу млади луѓе и цели фамилии. Најтажни и со желба нивната агонија да заврши што побргу беа  роднините на загинатите, кои веќе 10 денови очекуваа достоен погреб за нивните блиски.

Чекајќи пред пистата на која се одвиваа највисоките државни почести, сопруг, татко, чичко на 5 загинати порача, дека вистината кога тогаш ќе се дознае.

Со комбиња на погребалниото претпријатие Бутел, телата на жртвите беа директно однесени во нивните домови каде веќе се подготвуваа погребите. Владата се откажа од организирана поворка и пречекот го подготвуваше на плоштадот Скендер Бег.

Семејствата бараа да не се одолговлекува процесот на збогување.

Со тоа најавениот видео бим и директен пренос кој би се прикажувал на него на плоштадот не се реализираше. Четири венци поставени од државните институции за последен поздрав беа единственото нешто што сведочеа за несреќата.

Цела фамилија на загинато момче од Куманово дојде на плоштадот во потрага по информација, каде ќе биде однесено телото. Луѓе кои ги знаеле но и не ги познавале жртвите положија цвеќе за нив.

На само стотина метри од местото каде граѓаните може да дадат последен поздрав, е и агенцијата Беса транс која го организираше кобното патување.

До денеска е затворена и пломбирана, а материјалите за патувањата веќе се одземени и предадени кај обвинителите во Бугарија.

Она што ги мачи семејствата е дали ќе се дознае вистината за причините за страшната несреќа која на 23-ти ноември ноќта беше пресудна за 45 човечки животи. Седдумина успеаја да се спасат од огнот кој за брзо време го пеплосал автобусот.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе