Вести Македонија Топ вести

Миле Јанакиески се „исправи“ на клупата за сведоци и откри што разговарале со Никола Груевски за „Плацевите на Водно“

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески сведочеше во случајот „Плацеви на Водно” и посочувајќи дека поранешниот премиер Никола Груевски, обвинет во случајот, барал од него да му предложи архитекти, односно проектанти за парцелите на Водно и во Крушево, кои се дел од обвинението.

Тој објасни дека за овие парцели се дискутирало, како и за многу други на „Комитетот за градежна експанзија“, и не кажа дека станувало збор за личен интерес на Груевски. Сепак, појасни дека „бомбите“ што беа објавувани за земјиште на Водно може да ги поврзе со локациите за кои дискутирале.

-Со Никола Груевски и Комитетот за градежна експанзија се состанувавме еднаш неделно, меѓу другото разговаравме и за земјиштата во Парк шумата Водно. Големината на парцелата беше 11.000  квадратни метри. Прашуваше за урбанизација. Му објаснував од законски аспекти како се урбанизира едно земјиште, дека на 10 години се носи Генерален урбанистички план. Тој беше на чело на Комитетот, зборевме за илјадници локации, изјави Јанакиески и наведе дека освен за локациите на Водно, во една прилика го има прашано и за земјите во Крушево. На рочиштето сведочеше и архитектот Александар Јанакиески, кој работел во Општина Центар во периодот кога биле купувано земјиштето опфатено во случајот „Плацови на Водно“.

Архитектот сведочеше како била направена промената на Генералниот урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, за да во него влезат и парцелите на Водно, кои, според обвинението, ги “маркирал” Никола Груевски.

Во случајот „Плацеви на Водно“ покрај екс премиерот Никола Груевски, обвинети се и Сашо Мијалков, Орце и Ратка Камчеви, Јосифовиќ и Ристо Новачевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе