Вести Македонија Најважни

Нова средба Заев – Гаши

За 14 часот е закажана новата средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши во Клубот на пратеници. Првичниот договор за влез на Алтернатива во владејачката коалција беше постигнат во понеделникот.

Од Владата велат дека и по оваа средба не се предвидени изјави за медиумите, што би значело дека денеска не се очекува конечен договор. Од Алтернатива вчера го демантираа пишувањето на некои медиуми дека Гаши од Заев барал три министерски и едно вицепремиерско место. Во кусото владино соопштение беше кажано дека начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек. Тогаш беше најавено и дека по консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе