Вести Македонија Најважни

Двајца од преживеаните патници утре ќе бидат префрлени во Македонија, потврдија од МЗ

Двајца од 7-те преживеани патници во несреќата што се случи во Бугарија утре ќе бидат префрлени во Македонија.

Од Министерството за здравство потврдија за Телма дека утре ќе бидат донесени најмладата преживеана патничка, 16-годишно девојче и уште еден полнолетен граѓанин.

Тие се во најдобра состојба, а бугарските лекари од болницата „Пирогов“ уште во средата најавија дека пациентите кои се во најдобра состојба ќе бидат пратени во Македонија до крајот на неделата.

Останатите 5-мина преживеани се во добра и стабилна состојба и се опоравуваат по извршените зафати во болницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп по разговорите со Путин и Зеленски: Ако нема напредок, ние се повлекуваме

Дејан Дејан

Зеленски: Ако Русија бара повлекување на наши војници од нашата земја, значи не сака ниту примирје, ниту крај на војната

Дејан Дејан

Матурант пронајден починат во нива – трагедија во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе