Ковид19 Македонија Топ вести

473 новозаразени и 18 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.708 тестирања, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19. Најмногу новозаразени има во Скопје, 246, по што следуваат Битола со 41, Кавадарци со 23, Охрид – 22 и Куманово со 21 новозаразен. Во останатите градови има помалку од 20 нови случаи со коронавирус.

Минатото деноноќие од последици од Ковид-19 починале 14 лица, на возраст од 66 до 93 години. Истовремено, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 починати лица со датум на смрт од 9-ти до 22-ри Ноември.

Досега во земјата се направени вкупно 1.458.731 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 213.779, бројот на оздравени пациенти е 197.998, на починати е 7.492, а бројот на активни случаи изнесува 8.289.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе