Македонија

Уапсен Бугарин за недолични коментири на Фејсбук за автобуската несреќа

Во Бугарија упасен е 24 годишник за недолично  коментирање на Фејсбук за автобуската сообраќајна несреќа.

Како што информираат од бугарското МВР, полицијата го привела нивниот граѓанин, бидејќи објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот „Струма“, некомпатибилни со моралните и етичките норми.

Лицето кое е приведено во Софија од службеници на Генералната дирекција за борба против организираниот криминал по добиен сигнал, имало криминално досие. Материјалите се пријавени во СРС за сторено кривично дело од чл. 162 од Кривичниот законик – промовирање омраза врз основа на националност преку информациски систем, соопштуваат од бугарското МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пропаднатиот пат кај Тефериќ се префрла во надлежност на Министерството за транспорт – општина Кисела Вода и Град Скопје немаат можности и капацитети да го санираат

Дејан Дејан

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Азески во Брисел на дебата на највисоко ниво за проширување на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе