Вести Македонија Топ вести

Седум пациенти од автобусот се во стабилна состојба, двајца утре ќе бидат префрлени во Скопје

Сите седум хоспитализирани пациенти со повреди од ужасната несреќа во Бугарија се во стабилна општа состојба и нема опасност по ниту еден живот. Пациентите коишто биле згрижени на одделението за Интензивна веќе се префрлени на Клиниката за пластична хирургија во „Пирогов“.  Најголемиот дел од нив се со изгореници по телото од различен степен.

 „Сите пациенти се во стабилна здравствена состојба. Еден од пациентите којшто имаше хируршка интервенција на ногата заради скршеница по дополнителните испитувања кои уште на почетокот ги најавија колегите се виде дека има и компресивна фрактура на еден од пршлените и му е направена уште една интервенција после што ситуацијата е стабилна и тој се чувствува добро,“ вели Венко Филипче, министер за здравство.

Министерот информира дека денес се прават последните подготовки за транспорт на двајца пациенти – за тие да го продолжат своето закрепнување на скопските клиники. Досега, со оглед на шокот од несреќата и тешките психички трауми, хоспитализираните добија и специјална психолошка поддршка од болницата. Во „Пирогов “ засега се хоспитализрани седум лица кои беа донесени по автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во раните утрински часови на 23 ноември.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинците протестираат заради разрешувањето на министерот за одбрана

Kristina Kuzmanovski

Николоски: За набавка на нови автобуси аплицираа четири фирми

Tea Dimkovska

Министерот Сулејмани излезот од проблемот со пресметките на платите во културата го гледа во Законот за култура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе