Вести Македонија Топ вести

ДИК го зголеми надоместокот за членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори

Членовите на Државната изборна комисија нема да земат дополнителни надоместоци за локалните избори. На денешната седница тие изгласаа измена и дополнување на Правилникот за надоместоци на изборните органи за локалните избори и, како што појасни членот на ДИК Борис Кондарко, се работи за прецизирање и дополнување на Правилникот.

-Членовите на ДИК освен нашите редовни плати нема да земат никави бонуси, иако имаме право на тоа, рече Кондарко.

Надоместоците за други лица вработени во ДИК, лица дополнително ангажирани, членовите на ОИК и ИО остануваат, а се додаваат и членовите на Избирачката комисија на Град Скопје. Се зголемува за 25 отсто надоместокот за ОИК и ИО во општините каде што имаше втор круг гласање за градоначалник, како и за 20 отсто за избирачките органи во општините каде што имаше гласање на болни и изнемоштени лица.

Дополнителни надоместоци ќе има и за вработените во ДИК во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, како и за вработените во МВР кои го обезбедуваа доверливиот гласачки материјал и терминалите за отпечатоци од прсти. Исто така ќе има и корекции на критериумите за вработените во стручната служба на ДИК кои извршувале задачи надвор од описот на нивното работно место според систематизацијата на ДИК, како и за сертифицираните едукатори.

ДИК денеска ги потврди и конечните резултати од вториот круг на локалните избори за градоначалник на Дебар што се одржа на 14 ноември. Победи кандидатот за градоначалник на ДУИ Хекуран Дука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе