Седуммината преживеани патници од трагичната несреќа која се случи вчера во Бугарија на автопатот „Струма“ се во стабилна состојба, известија утринава докторите од болницата каде се сместени пациентите.
Се очекува двајца од нив да бидат пуштени дома кон крајот на неделата.
Денеска во Софија е и министерот за надворешни Османи кој ќе се обиде да ја олесни комуникацијата меѓу роднините на жртвите и тамошните институции.
Во Софија е новинарот Миомир Серафиновиќ кој известува за најновите детали од несреќата.