Александер Зверев го освои завршниот сезонски АТП турнир во Торино, откако во големото финале денеска го победи Данил Медведев.
Германецот славеше во два сета со по 6-4 и дојде до престижниот трофеј, што за него е вкупно шести сезонава, а вкупно19-ти во кариерата. Зверев вчера го победи најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, а денеска и вториот светски рекет и стана само четвртиот во историјата на овој турнир што ги победил најдобрите двајца во светот во полуфинале и финале.
За него ова е втора титула на завршните турнири, бидејќи славеше и во 2018 година.