Спорт Фудбал

Манчестер Јунајтед го отпушти Солшер

По пет порази во последниве седум настапи и дебаклот во последното коло во соочувањето со Вотфорд беше решавачко за раководството на Манчестер Јунајтед да му врачи отказ на менаџерот Оле Гунар Солшер.

Очајните резултати во последниве неколку месеци беа причина за секојдневни шпекулации околу можната смена на Норвежанецот, но последната серија на лоши резултати му “пресуди” на менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Одлуката за смена на Солшер беше донесена на вчерашниот итен состанок на бордот на директори.

“Манчестер Јунајтед објавува дека Оле Гунар Солшер се повлекува од менаџерската позиција. Оле секогаш ќе биде легенда на клубот и со жалење констатираме дека моравме да донесеме ваква одлука. И покрај фактот што последните резултати беа разочарувачки, тие не треба да фрлат сенка врз неговиот ангажман во изминативе три години и неговата работа на формирање на тим за долгорочни успеси. Функцијата на привремен менаџер ќе ја врши Мајкл Керик се додека не се најде решение на подолг рок”, се вели во клупското соопштение.

Солшер на чело на Јунајтед дојде во 2018 година како замена за тогаш сменетиот Жозе Мурињо.

Како најсериозни кандидати за предводници на екипата од Олд Трафорд се споменуваат Зинедин Зидан и Лоран Блан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе