Македонија Топ вести

„Правда за Битола“ – ромските здруженија на протeст против полициската бруталност

„Правда за Невзат“, „Нема правда – нема мир“, „За добар судија доказите се повеќе од сведоците“… Ова се дел од паролите кои се истаканаа и скандираа на денешениот протест на неколку ромски здруженија од повеќе градови низ државата против полициската бруталност и конкретно за случајот со претепувањето на неколку Роми во Битола за кое се дозна откако протекоа снимки од мобилен телефон.

За овој инцидент затворска казна од една година доби полицаецот Гоце Петковски кој го нападна и претепа Невзат Јашаровски, чиј син под дејство на алкохол предизвика сообраќајна незгода пред поштата во Битола, и за заби во бандера на само неколку метри од група млади.

Присутните на протестот побараа од Апелација да ја потврди пресудата и таа да стане правосилна со што ќе се испрати јасна порака дека полициската бруталност нема да се толерира.

За истиот случај веќе една година кривична пријава која петмина битолски роми ја поднесоа против тројца полициски службеници во која ги обвинуваат за насилство, нанесување на повреди и малтретирање во вршење на службата стои во некоја фиока. Затоа денеска од протестот беше ипсратеноп барање и до Обвинителствопто да почне со процесирање на проијавата.

Пресудата од една година затвор скопскиот Кривиучен суд ја изрече минатата недела а многу граѓани на социјалните мрежи, и покрај експлицитното видео, одлучија да го бранат осудениот полицаец со банализирање на неговата бруталност како „неколку шамари“.

Минатата недела пак, Независниот полициски синдикат и Независниот синдикат на затворската полиција и администрација одржаа мирен протест на Широк Сокак и побараа поништување на пресудата и полицаецот Петковски, поради фактот дека потврдена пресуда на Апелациониот суд ќе значи и отказ на нивниот колега по униформа. Според синдикатите, на Петковски му е изречена казна која го доведува во опасност моментот на идни интервенции на полицијата и најавија иницијатива за измени на Законот за кривична постапка за полициските лица вработени во МВР.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична против Кумановецот кој пијан го малтретирал семејството, пренесен e во „Демир Хисар“

Kristina Kuzmanovski

Прилепчанка измамена преку социјални мрежи за 11 и пол илјади евра- сакала да помогне за болно дете

Дејан Дејан

Од септември примена на „просечна потрошувачката кошничка“

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе