Тетово го слави Денот на ослободувањето, 19-ти ноември.
Во предвечерието на празникот тетовци уживаа во богатата програма на манифестацијата од културен карактер со музичко-сценска, забавна и меморијална нота, која се одржа во Центарот за култура Иљо Антески-Смок.
Празнична прослава од овој тип Сојузот на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи од Тетово самоиницијативно организираат трета година по ред, по претходна 15-годишна пауза.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
