Вести Ковид19 Македонија Најважни

Црн рекорд во штипскиот ковид центар за едно деноноќие починаа четворица пациенти

Делта сојот на коронавирусот удира врз населението над 60 години, за само пет дена во штипскиот ковид центар починаат 13, а за две недели 20 граѓани од речиси сите општини во Брегалничкиот регион. Поголем дел од пациентите се невакцинирани, а карактеристично е што им доаѓаат во лоша здравствена состојба и веднаш се приклучуваат на кислород.

Притисокот за хоспитализација во штипскиот ковид центар трае речиси еден месец, здравствените работници се истоштени.  Дневните бројки покажуваат дека мал број се на  слободни кревети за тешките пациенти. Две одделенија вообичаено имаат по неколку слободни кревети. Инфектолозите апелираат граѓаните да се имунизираат. Во штипскиот регион за четири дена прва доза примиле 135, а со бустер дозата досега се боцнале 3.300 граѓани.

„За трета доза освен од повозрасните граѓани интерес има и кај вработените во здравство и образование, односно дејностите кои имаат голем контакт со луѓе“, вели Дијана Коцева Миланова  од штипскиот Здравствен дом „Панче Караѓозов“

Според Коцева Миланова штипскиот регион останува да е над државниот просек, досега се имунизирани над 35.000 граѓани.

Викторија Јованова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе