Вести Македонија Топ вести

Финансиска полиција во општина Тетово за активности на екс-градоначалникот Беџети, актуелниот Касами смета дека е притисок

Финансиска полиција е во општина Тетово и врши истражни активности, известува од Тетово новинарката на Телма, Данијела Билбиловска.

Според првичните информации, истрагата е за активности во мандатот на поранешниот градоначалник Сади Беџети, кој повеќе од 8 години не е градоначалник. Беџети беше градоначалник по предлог на ДПА, а беше кандидат и на последните избори, но освои околу 10 проценти од гласовите.

Новиот градоначалник Билал Касами кој е и претседател на Беса ја оцени истрагата како притисок врз него.

Изјавил дека досега не вршеле никаква истрага, туку влегуваат во општината кога тој ја презеде функцијата.

Од финансиската полиција соопштија дека на прашањата за истрагата ќе одговорат во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе