Вести Македонија Топ вести

Анджеј Дуда од денеска во официјална посета на Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Дуда, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев.

Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел  Мериот.

Двајцата претседатели ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе