Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница ја разгледувал актуелната ситуација во државата по победата на оваа партија на локалните избори.
Според членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, било заклучено дека најдобро решение за излез од политичката криза во државата е одржувањето на предвремени парламентарни избори , бидејќи со СДСМ не може да има нова влада, туку само продолжување на политичката криза во земјата.
Истовремено, на комитетот се разгледувале и партиски прашања, при што било одлучено на 12-ти декември да се одржи конгресот на партијата. На овој конгрес се очекува актуелниот лидер, Христијан Мицкоски, да биде единствен кандидат за претседател на партијата, особено по победата на локалните избори.
Партијата одлучила и да се однесува конструктивно во македонското Собрание, во поглед на усвојувањето на буџетот на државата, затоа што како што рече Ковачки, буџетот не се носи за СДСМ или ДУИ, туку за граѓаните на Македонија.
