Вести Македонија Топ вести

Заострени казни за сторителите на кривични дела во сообраќајот, најавува Маричиќ

125 луѓе или во просек на секои 3 дена животот го губи по еден човек најмалку. На патиштата гинеле поради неносење појас, неприлагодена брзина на возење, непочитување на сообраќајната и патната сигнализација.

Категоријата млади возачи е највисоко на црната листа, а зад нив се највозрасните.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес за сите нив засади дрвце, во знак на сеќавање.

„Најголем број на сообраќајни незгоди прават лицата до 25 години затоа што тие немаат свое сопствено моторно возило и го користат тоа на нивните родители, не го управуваат секојдневно и затоа прават голем број на сообраќајни незгоди. Тие се млади, неискусни возачи. Голем број на сообраќајни незгоди прават и повозрасните возачи над 65 години“, вели Гордана Кожуваровска – Претседател на РСБСП

Од РСБСП се прогласија за ненадлежни за покренување на било какви иницијативи за законски измени и поголема казнивост.

Но, од Министерството за правда ќе копираат американскав верзија на Кривичниот законик. Овде ќе се вика „Безобѕирно управување на моторно возило“, објаснува надлежниот министер Бојан Маричиќ.

Во САД со овој Закон се казнува: престигнување на друг автомобил или автобус, брзо возење, возење во алкохолизирана состојба, расеано возење, или небрежност која резултира со повреди. За вакво нешто таму се оди во затвор до три месеци или се плаќа казна од 145 до 1000 долари, а возилото може да биде запленето во период од еден месец.

Во македонскиот Кривичен законик веќе има дело кое го уредува ова – „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“, меѓутоа има и проблеми во примената, признава министерот. Тој тврди дека со воведување на новото дело „Безобѕирно управување на моторно возило“ во Кривичниот законик, ќе се заострат казните за сторителите.

„Подетално и појасно ќе се дефинираат и елементите на кривичното дело, но и ќе се заострат казните односно казнената политика. Како тие ќе се спроведуваат понатаму, квалитетот на правдата, зависи од судовите и од Судскиот совет којшто треба да го контролира тоа. Ние како Влада не можеме да гарантираме како тоа ќе се спроведе во пракса.“, изјави министерот Бојан Маричиќ. 

Текстот на новиот Кривичен законик треба да биде готов до крајот на оваа година или почетокот на наредната, а потоа ќе се проследи во Собрание. И Маричиќ и Правда креваат раменици зошто и покрај законската можност, „убијците“ на патиштата добиваат минимални или условни казни

Сообраќајката во охридско и спогодбата на Зоран Милевски – Кичеец ги спротивстави судските инстанци. Според Судски совет, Врховниот суд треба да ја усогласи судската пракса – за исто дело да се добива слична казна во зависност на отежителните и околностите против виновниците за тешки сообраќајни несреќи.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе