Вести Македонија

Линхарт: Западниот Балкан за ЕУ е како „моцарт кугла“ за Австрија

Западниот Балкан за ЕУ е како „моцарт кугла“ за Австрија. Вака новиот шеф на австриската дипломатија Михаeл Линхарт го опиша колку е важно за Австрија пристапувањето на регионот, а со тоа и на Македонија, во Унијата. Линхарт иако е дециден дека Австрија од европските партнери бара уште во декември да почнат преговорите со земјава, денеска не потврди дали е извесно дека тоа и ќе се случи.

„За итниот почеток на преговорите во декември ние се заложуваме интензивно. Овде постои прозорец на можности за двете страни, и за Северна Македнија и за Албанија, и за Европската унија. И за нашите партнери во рамките на Европската унија. Се надеваме дека преговорите ќе започнат во декември“,  рече Линхарт.

За шефот на државата, Стево Пендаровски, пак прозорецот на можности за старт на преговорите во декември е мал. Тој е поумерен во ваквите очекувањата заради краткиот период од три недели до тогаш за конституирање на институциите во Бугарија, освен претседателската.

Пооптимист дека декември може да биде месецот на откочување на евроинтегративниот пат на земјава е шефот на дипломатијата, Бујар Османи, кој надеж за тоа сепак гледа во формирање на политичка влада во Бугарија до тогаш.

Османи во контекст на Бугарија денеска не сакаше да ги толкува изјавите на идниот мандатар на бугарска влада, Кирил Петков, дека разговорите меѓу двете земји треба да ги водат вистински тимови од експерти од различни области, а не само историчари. Сепак за Османи секој порационален пристап кој го менува фокусот на односите меѓу двете земји од минатото кон сегашноста и иднината може да доведе на решавање на отворените прашања.

Во контекст на историската комисија со Бугарија на чии резултати досега беше ставен фокусот на придвижувањето во односите меѓу двете земји, а која остана без еден член од македонска страна остана, Османи очекува упразнетото место да биде пополнето во наредните денови, на предлог на историчарите од македонскиот тим. Според неофицијални информации на Телма, Комисија се уште не разговарала за конкретно име и се чака да завршат разговорите со кандидатите, па потоа да биде направен конечниот избор. Тоа би требало да се финишира во најскоро време бидејќи за следниот состанок на Комисијак закажан за почетокот од декемврик македонскиот тим треба да биде комплетиран со седми член.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе