Ковид19 Македонија Најважни

ПСО бара наставничките совети сами да одлучуваат за моделот на настава

Сезоната на грипови, зголемениот број на заразени со Ковид-19 и енергетската криза во државава се алармантини, затоа е потребно да се размисли за начинот на кој ќе се одвива наставата во училиштата во следните три месеци, е апелот на Прогресивниот синдикат за образование до Министерството за образование и наука.

Конкретно бараме МОН да дозволи односно наставниците на наставнички совет да можат да одлучат дали училиштето да работи преку интернет или со физичко присуство . 01:59 -02:07  Додека трае пандемијата, особено во овие месеци кога вирулентноста е поголема и полесно се пренесува вирусот мислам дека може да биде корисно, рече претседателот на ПСО Влатко Секулоски. 

Во гимназијата „Орце Николов“  во моментов има 14 активни случаи на позитивни ученици и двајца професори, додека 65 ученици се во изолација, затоа што биле во ризичен контакт со заболените и онлајн ја следат наставата.

Ние секојдневно поднесуваме извештаи  до МОН, секојдневно сме во комуникација со лекари епидемиолози од Центарот за јавно здравје, така што сметам дека најдобра опција и најдобра одлука можат да направат стручните органи кои се за таа проблематика Комисијата за заразании болести во соработка со МОН и Центарот за јавно здравје и слично, вели психологот Ана Попризова.

Состојбата за сега е стабилна и истата се следи на дневно ниво, вели Царовска. Доколку има промени ќе се следат насоките на надлежните институции.

Ние како министерство се додека состојбата со Ковид е стабилна ќе го предлагаме моделот со физичко присуство. По насока на комисијата за заразни болести или Министерството за здравство доколку тие алармираат дека има други закани по здравјето на учениците со Ковид тогаш секако ќе преземеме други мерки и ќе дискутираме за други сценарија, изјави министерката за образование.

Бројот на вакцинирани наставници е над 75% што е двојно повеќе во споредба со националниот просек, вели Царовска. Во соопштението на Прогресивниот синдикат за образование се бара и итно решавање на статусот на околу 4000 вработени во образованието кои работат со договори на определно време.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе