Поради ковид позитивни членови од епипата, откажана е изведбата на фестивалот МОТ, на претставата „ Мојот маж“, на Словенско народно гледалишче од Љубљана.Претставата требаше да се игра во петок во 20 часот во МНТ.
- Според разговорите и значењето на претставата за мотовската публика, се надеваме и правиме напори изведбата на претставата да се реализира до крајот на оваа година, велат од МКЦ кои го организираат МОТ.
Ова откажување значи дека публиката за време на фестивалот кој почува утре вечер, наместо предвидените три, ќе има можност да види две верзии на драматизации, на расказите од збирката на Румена Бужаровска. Во сабота (на 20 ноември), ќе биде изведена дуо драмата „ Мојот маж“, во продукција на Југословенско драмско позориште од Белград, а во недела (21. ноември), е постановката на Драмски театар, работена како ансамблова претстава. Двете верзии ќе бидат изведени во Драмскиот театар, со почеток во 20 часот.