Вести Македонија Најважни

По 120 прегледи дневно за Ковид-19 во битолската амбуланта – 628 заболени за две недели

За само две недели во Битола со коронавирусот се заразија 628 лица, со што градот во овој период има  најголем пораст на заболени.

На болничко лекување има 52 пациенти од сите возрасти, поголемиот дел, односно 80 проценти се  невакцинирани и со потешка клиничка слика.

Дневно во амбулантата има и по 120 прегледи, што дополнително ја оптоварува работата  на КОВИД центарот

-Старосната граница е од 18 години е најмладиот хоспитализиран пациент до 86 години, дел од нив се во стабилна состојба, а останатите се со тешка клиничка слика, повеќето на перманентна кислородна поддршка, а еден и на неинвазивна механичка вентилација, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница Битола.

Во моментот Клиничката болница во Битола работи во редовен режим, нема реорганизација и затворање на одредени одделенија. Иако има доволно капацитет, нема медицински персонал, па во КОВИД центарот недостигот се надоместува со ротација.  Засега заразените се хоспитализирани саао  во зградата на Инфективното одделение, додека  модуларната се користи како амбуланта, но и како дневна болница.

-Не можеме да го затвориме другиот дел на болницата, затоа што постојат и други болести. Така што се уште не сме редуцирани на итен режим на работа. Од другите одделенија се повлекува персонал за да се задоволат потребите на ИНфективното одделение, токму во овој ударен момент, вели Гагачовска.

Според податоците на Институтот за јавно здравје опфатот  со две дози вакцини на населението над 12 години во Битола  е 53,4 проценти.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе