Македонија Топ вести

4 новинари од Авганистан пристигнаа утринава во Скопје

Изутринава на аеродромот во Скопје пристигна група од 4-ца новинари од Авганистан, потврди македонската влада.

“Станува збор за ТВ и радио новинари кои работеле за локални медиуми и биле дописници за странски медиумски куќи а по падот на демократската влада, добивале закани по живот од Талибанците” – велат од владата.

По барање на меѓународната организација на новинари  и ССНМ, нашата држава ќе им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава.

Ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од организацијата Новинари за човекови права.


Во земјава во моментов престојуваат 534 граѓани на Авганистан за кои институциите им ја обезбедуваат и пружаат потребната поддршка и помош, потврди владата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе