Македонија

По убиството во Кавадарци, мајката со малолетно дете го напуштила градот

По убиството во Кавадарци за кое 45-годишен кавадарчанец доби 30 дневен притвор за убиство на 59-годишен сограѓанин,во јавноста излегоа информации дека расправијата на повеќе луѓе била околу старателство врз дете од вонбрачна заедница.

Од Центарот за социјални работи ја контактирале мајката на детето Е.Р. која ги известила оти по сознанието за настанот што се случил, уште истата вечер, заедно со малолетното дете ја напуштила територијата на Општина Кавадарци и се наоѓа на друга територија каде се чувствувала безбедно.

Според МВР, денеска околу 04:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода Х.С.(45) од Кавадарци. Тој се сомничи дека околу 23:30 часот, при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на  ул.„Методија Џунов“ во „Брушанско Маало“ во Кавадарци, при што биле употребени остри и тврди предмети, со остар предмет му нанел убодна рана на З.П.(59)од Кавадарци, кој подоцна починал во болницата во Кавадарци.

Во врска со настанот во Полициската станица Кавадарци досега бил извршен разговор со С.А.(37),  А.А.(63), А.М.(42) и Џ.Х.(19), сите од Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе