Ковид19

Дел од вакцините коишто се трошат во моментов за ревакцина се пред крај на рокот за употреба

25 илјади дози Астра Зенека се пред крајот на рокот за употреба, но од Министерството за здравство тврдат дека нема сите тие да завршат спалени во печките за медицински отпад на депонијата „Дрисла“.

Рокот им трае уште овој месец, но во тек е ревакцинација на граѓаните кои пред три месеци добиле прва доза од истата оваа вакцина, така што тие вакцини се трошат во моментов.

Досега не се уништувани вакцини заради поминат рок, за Телма брифира директорот на „Дрисла“, но претпријатието поседува печка за горење медицински отпад и истата може во секој момент да се употреби, вели тој.

Во секој случај, колку дози и да останат неискористени, тие ќе мора да бидат уништени. Таква опасност засега нема за вакцините на „Фајзер“.

„Во моментов се одвива вакцинација и ревакцинација со вакцината на производителот „Фајзер“, како и ревакцинација со вакцината на производителот „Астра Зенека“. Количините од производителот „Фајзер“ се со рок до јануари и февруари 2022 година, вакцините од производителот „Астра Зенека“ се со рок ноември 2021 година, а вакцините од производителот „Синовак“ се со рок до 2023 година.“ – велат од здравство.

Во моментов растат бројките на вакцинирани граѓани со трета доза, но мирува процентот на вкупно вакцинирано население затоа што оние што не сакаат да се вакцинираат – тешко се премислуваат.

Состојбата со новозаразени е стабилна, но тоа може да е затишје пред бура со оглед на состојбата во регионот, смета професорот Никола Пановски.

Според него, властите треба да размислат за краткотрајно затегнување на мерките и ограничувањата, за да се спречи силен бран.

Вчера започна да важи последната одлука којашто ја донесе Владата пред три недели, а се однесува на сертификатите за вакцинација.

Со доказ за примени две дози може да се влезе во затворено и да се присуствува на различни настани, но нема одговор од властите како ќе се справат со бројните лажни сертификати коишто се употребуваат за таа намена.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

Tea Dimkovska

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус ширум светот

Дејан Дејан

Нема кој да ги контролира авионите на лондонски Гетвик – сите вработени се болни од ковид – откажани стотици летови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе