Македонија Топ вести

Крвав епилог на масовната тепачка на 30-тина луѓе со вили и секири во Кавадарци – убиен еден човек

Половина час пред полноќ се случувала вистинска драма во Брушанско маало во Кавадарци.

Расправија за старателство на дете меѓу две големи фамилии и соседи прераснала во масовна тепачка меѓу триесетина.

Се користеле секири вили и други алати, за во еден момент еден од учесниците со нож да прободе друг.

 “По претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. При тоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по главата, со што го бутнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, лицето починало. Осомничениот по извршеното дело се дал во бегство, но во текот на денов е лишен од слобода” – соопшти ОЈО Кавадарци.

Во пронаоѓање на убиецот помогнал и градоначалникот Митко Јанчев.

Инаку напаѓачот и жртвата се чичковци на мажот и жената кои биле разведени а кавгата се случила за тоа каде детето да престојува.

Во меѓувреме побаран е и одобрен притвор за убиецот. Се прави обдукција но и се сослушуваат сведоци за можно проширување на истрагата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе