Административците со договор на дело во Општина Тетово ќе работат до крајот на годинава, кога им завршува истиот.
Новиот градоначалник Биљал Касами најави дека ќе ги прекине ваквите договори. Онаму каде што имало законски прекршувања ќе побара и враќање на средствата.
Касами најавува преглед на описите на работните места, а ако е потребно и ресистематизација.
Дополнително, вели дека се разгледува и можноста за воспоставување систем за мерење на учинокот на административците и надоместоци на плати.
Досега во Општината работеле повеќе хонорарци, од редовно вработени, вели Касами.
Инаку Касами, по преземањето на градоначалничката функција ги запре сите инфрастуктурни проекти кои се одобрени од претходната локална власт, со образложение дека за истите се спроведува ревизија.
Донесе и одлука за бесплатен паркинг во градот, додека се прават анализи за понатамошната работа на јавното претпријатие, кое досега работеше со загуби.
Данијела Билбилоска
