Вести Македонија Топ вести

Методите на ДУИ и премолчувањето на СДСМ ги нарушуваат слободата и демократијата, став на Беса по состанок на највисокото партиско тело

– Движењето Беса уште еднаш ја изразува својата загриженост дека со употребените методи на ДУИ, како дел од власта и премолчено одобрени од страна на СДСМ, се нарушени слободата и демократијата во државата. Исто така апелираме до актуелната власт на СДСМ-ДУИ итно да престане со притисокот од сите форми што го вршат врз пратениците на Движењето Беса. За ова прашање ја информиравме и меѓународната заедница. Дејствијата за нарушување на професионалниот интегритет на пратениците и притисокот што се врши врз нив е уште еден доказ дека демократијата и слободното политичко дејствување во Македонија се во опасност, се наведува во партиското соопштение на Беса по одржаното централно претседателство.

Движењето Беса уште еднаш ја реафирмира својата ориентација кон евроинтегративните процеси, сметајќи дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Македонија.

Од партијата посочуваат дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на државата, а партнерство со САД и ЕУ ја обезбедува прозападната иднина на Македонија. Беса ќе го продолжи политичкиот пат за правда и демократија како и борбата против апсолутната власт на ДУИ и во таа насока ќе соработуваме со сите политички субјекти кои делат исти вредности и цели.

На состанок на централно претседателство на Движење Беса во Тетово е утврден и партискиот став дека на последните локални избори се исполнети зацртаните објективи како што е победата во општина Тетово и општина Желино.

Од партијата посочуваат дека за нив достигнување се и 26.000 освоени гласови кои ја потврдиле политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 година.

Беса е прва партија која по седницата за гласање доверба на владата што заврши пред да почне токму поради пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, одржа состанок на највисокото партиско тело.

Во соопштението не се наведува ниту „предвремени избори“ кои ги бара опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, ниту „проширување на парламентарното мнозинство“ кое го најавува СДСМ. Беса наведува дека членството во ЕУ е единствената опција за иднината на Македонија и дека ќе ја продолжи борбата против апсолутната власт на ДУИ.

Две недели по вториот изборен круг на локалните избори, Беса остана без двајца пратеници, министер и двајца заменици министри.

Партискиот претседател Билал Касами е избран за градоначалник на Тетово и на негово место дојде пратеник од СДСМ, а потоа Кастриот Реџепи не се појави на седницата за доверба на владата и иако првично Беса и Касами го пријавија за исчезнат и киднапиран, потоа го исклучија од партијата.

Министерот за земјоделие Аријанит Хоџа и двајцата заменици министри, во образование и култура, си дадоа оставки во петокот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНРНТ му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе