Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема влезници за утрешниот натпревар со Исланд

/

Фудбал

Сподели преку :

По триумфот на гостувањето во Ереван и нерешениот резулат на Исланд на дуелот со Романија, нагло се зголеми интересот за влезниците за утрешниот натпревар во Скопје во кој македонската репрезентација со триумф ќе го потврди второто место во групата и ќе настапи во баражот за пласман на Светскиот куп во Катар.

За неполни 24 часа сите билети што се пуштени во продажба, а со почитување на протоколите за спречување на ширењето на епидемијата трибините нема да бидат исполнети до последното место туку ќе биде пополнет 50% од капацитетот на арената Тодор Проески.

Покрај влезници за северната и јужната трибина ќе бидат отворени и вратите на источната и западната.

Дуелот против Исланд почнува во 18 часот.

ФОТО: Игор Паневски