Незадоволството кое произлегува од нерешавањето на основни комунални проблеми, урбано дивеење, бетонизација, продавање на државно земјиште и национално природно богатство, жителите на селата и викенд населбите во Мавровскиот регион го искажаа денес преку предупредувачки протест.
Велат дека надлежните институции останале глуви на нивните барања за решавање на овие проблеми, а единственото решение за рушење на дивоградби се уште не е реализирано.
Поради многуте проблеми жителите со предлог во општината да има и нивен претставник.
Жителите реагираат дека немаат вода во летните месеци, но и кога има таа е загадена. Дополнително револтирани се што плаќаат сметки без поставени водомери.
Угостителите загрижени дека поради загадувањето на водите и уништувањето на природата ќе има штети за туризмот.
Од Иницијативниот одбор на протестот велат дека доколку не се прогласи мораториум и не се исполнат нивните барања, ќе покажат граѓанска непослушност со неплаќање сметки и ќе организираат блокада на патишта.
Данијела Билбилоска