Од МНР соопштија дека по еден ден хакирање на официјалниот министерски твитер профил на Бујар Османи, од денеска профилот е повторно под владение на шефот на дипломатијата и неговиот тим.
Откако беше хакиран, на профилот се појави името на трговецот со крипрто-валути и берзански аналитичат Sheldon the Sniper.
Од МНР велат дека освен неколку избришани твитови на профилот, не е забележана некаква посериозна злоупотреба. Не е соопштено кои објави се избришани, а во моментот последната е од денот на вториот изборен круг- 31-ви октомври со фотографии и опис на манастирот во Курбиново.
Анализите на броевите покажуваат дека министерот во „ерата“ на Шелдон Снајперот изгубил тројца „следбеници“ на Твитер и дека се откажал од следење на 27 профили на социјалната мрежа. Случајот на хакирањето беше пријавено во МВР, како и на соодветните адреси на мрежата.
Проблем, но, од друга природа на Твитер имаше и министерот Филипче во август кога поради погрешно внесена лозинка, министерот за здравство и неговиот тим добија еднодневна рестрикција за употреба на профилот на оваа социјална мрежа.