Фактот што во таа коалиција се две конзервативни албвански партии Алијанса за Албанците и БЕСА, заедно со Левица, и Апасиев чии ставови не враќаат назад во 80-тите години е непринципиелна коалиција, вели новинарот Лирим Дулови во вечерашната Топ Тема. Тој потсетува дека никој не се прашува со тоа што ќе се случеше со Мицкоски ако владата паднеше. Според него, албанската опозиција калкулирала со 65-66 пратеника, но никој од политичарите немал идеја што ќе се случи потоа. Имено, Дулови тврди дека, на денот кога партиите ја потпишале иницијативата за пад на владата, имало четири списоци кои ги потпишале пратениците, меѓу нив и еден за мандат на Мицкоски, со цел да не се губи време за состав на новата влада. Но, никој не ги кажува јавно ставовите што ќе правеа со договорот со Бугарија, вели Дулови.
Пратениците од опозицијата потпишале документ со кој му даваат мандат на Мицкоски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.