Лесно прашање но одговорот е тежок, изјави за ТВ21 лидерот на Алтернатива Африм Гаши запрашан дали ќе остане во опозиција или ќе влезе од Владата на Заев.
Да направиме анализи. Да се консултураме со меѓународниот фактор и ќе донесеме одлука. Ако имаме силна потврда дека блиску сме до датум, тогаш немаме дилема каде треба да се ориентираме, рече Гаши.
Запрашан за непојавувањето на Реџепи, лидерот на Алтернатива рече дека 10 минути пред почетокот на седницата сфатиле дека им недостасува еден пратеник од БЕСА, и по неколку јавувања виделе дека нема да успее иницијативата.
После ова денеска Алтернатива не се гледа во иста влада со БЕСА, рече лидерот на Алтернатива.
