Лидерот на БЕСА Билал Касами се врати во Собранието каде што денеска цел ден се чекаше појавувањето на пратеникот Кастриот Реџепи. Касами цел ден кажуваше дека Реџепи се држи некаде, па дури и киднапиран, заробен од власта и дека нему таквите методи на власта му се добро познати.
Дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ ја напуштија салата. Замина и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој беше дојден во скафандер бидејќи е позитивен на Ковид-19. Мицевски изјави дека поради протоколите мора да ја напушти просторијата каде што се наоѓа, но не кажа точно кога ќе се врати.
