Македонија

Пречекот на Новата година ќе биде скромен, но свечен, скопјани нема да бидат тажни, тврди Арсовска

Скромен, но свечен ќе биде пречекот на Новата година. Скојпани нема да бидат тажни. Вака градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го објаснува раскинувањето на договорот за новогодишно украсување вреден 243.000 евра, кој поранешниот градоначалник Шилегов го склучи со фирмата „Линк медиа плус“. Според Арсовска за сега не се знае дали и колку пенали ќе следуваат за град Скопје поради раскинувањето на договорот.

Фирмата има право да биде информирана и на располагање и стојат сите правни лекови како ќе постапи. Се зависи од спротивната страна и за да биде некој обесштетен, треба тоа да биде предмет на судска постапка. Имаме енергетска криза и прашање е дали, доколку има рестрикции кај уличното осветлување во тој период, може да бидат украсите осветлени. Градот може да биде украсен и тоа ништо да не го чини, вели градоначалничката.

Во врска со видеото на кое наводен газда на галијата ги навредува и ги брка работниците кои ја уриваат, со образложение дека Шилегов во чиј мандат започна уривањето,  изгубил на изборите, градоначалничката вели дека се работи за старо видео.

Моите информации говорат дека видето е старо, бидејќи во изминативе десет дена таму не се работеше. Решението за уривањето на една од трите галии е извршно во време на претходниот градоначалник, но не и во мојот мандат. Јас сум против уривање, но не и таму каде што постојат дивоградби, вели арсовска.

За состојбата во јавниот превоз градоначалничката рече дека е резултат на 30 годишното лошо менаџирање, и дека ќе следуваат дополнителни анализи за негово хподобрување и како да биде бесплатен.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикатот по загинувањето на работник на Пречистителната – Градилиштата станаа минско поле

Дејан Дејан

Ограничениот напредок во заштитата повторно го враќа Охридскиот регион на Листата на светско наследство во опасност

Дејан Дејан

Го убиле на паркинг во Автокоманда, телото го пренеле во дворот на Поликлиника Железара – брачен пар од Скопје осомничени за убиството на матичниот лекар Трповски

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе