Две години судски процес, десетици рочишта и сведоци и три вештачења. Правдата во предметот „Дурмотурс“ одново заглави со ново барање за супервештачење испорачано од одбраната на обвинетите, а прифатено од судот. Машинските факултети од Скопје и Битола ќе треба одново да пишуваат на стотина страници како и зошто се случила сообраќајната несреќа кај селото Ласкараци, во која автобуст на „Дурмотурс“ излета во провалија при што загинаа 16 патници. Според одбраната секое од трите претходни технички вештачења нудат различни причини за несреќата.
Обвинителот реагираше до судот и побара битолскиот технички факултет да биде изземен од супервештачењето бидејќи еднаш веќе изработиле вештачење на барање на одбраната. Судир на интерес во новото барање на обвинетите гледа и правниот застапник на оштетените во предметот.
Ништо ново да докаже супервештачењето освен што ќе го пролонгира процесот кој според роднините на загинатите тапка во место со години.
Обвинителот кој го води предметот вели дека долгото траење на процесот се должи на пандемијата, и очекува процесот за неколку рочишта да влезе во последната фаза. Судењето против шестмината обвинети за дела против безбедноста во сообраќајот во различни степени е последица на сообраќајната несреќа во која автобус на Дурмо трус излета од автопатот кај селото Ласкарци.
Бавле Беловски
