Вести Забава

Бјелогрлиќ за Бекстејџ: Филмот „Тома“ по премиерата во Белград веднаш требаше да се прикаже во Скопје

Првпат пред камера застанал на 14 годишна возраст. Помина долг пат од Сирогојна до Боба, а уште подолг од Боба до она што е денес. Имал неполни 18 години кога останал без татко, а неговата мајка и постариот брат ја преземале грижата за него. Со својот брат отсекогаш имал близок однос и се што досега има работено, тоа го прави заедно со него. Вели дека токму тие двајца, го сочувале од се лошо што можело да му се случи

Најголемата популарност ја доживеа токму со улогата на Боба во телевизиската серија Бољи живот, која воедно претставуваше последен уметнички производ на кој се радуваше некогашна Југославија. Созреа со филмовите Убавите села убаво горат и Рани, а потоа стана успешен продуцент и режисер. Ја прослави фудбалската легенда во Монтевидео, а серијата Сенки над Балканот ја смета за свој најголем креативен ризик. Живее како актер, работи како продуцент, сторг е како режисер, а има фантазија како сценарист. Драган Бјелогрлиќ – актерот кој стана режисер и продуцент на својот живот е ексклузивен гостин во Бекстејџ.

Филмот Тома доживеа своја премиера во Белград, веднаш после Белград, Скопје бил вториот град според планот. Но, сепак тоа не се случи, а Бјелогрлиќ жали за истото.

„Сите мои филмови кои досега ги работев имаа премиера во Скопје. Сенките на Балканот е проект кој го работам со ко-продукција од Македонија, во кого играат многу македонски актери и третата сезона е поврзана со Македонија. Многу ми е жал што немаше премиера во Македонија. Мислам дека требаше да биде побрзо, се чекаше еден месец филмот да се емитува во Србија, па тогаш започна во Скопје. Мислам дека скопската премиера требаше да биде веднаш по белградската“ – изјави Бјелогрлиќ.

Повеќе во интервјуто со Драган Бјелогрлиќ за естраниот магазин Бекстејџ на ТЕЛМА.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оваа земја е домот на слободата, порача Трамп во говорот за одбележување на 250 годишнината од основањето на САД

Дејан Дејан

Спасувачките екипи во Венецуела сѐ уште ги пребаруваат урнатините и 10 денови по двата разорни земјотреси

Дејан Дејан

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе