Македонија Најважни

Со техничка корекција на поднесената иницијатива ВМРО-ДПМНЕ го бајпасира условот на Реџепи

Со техничка корекција, на веќе поднесената иницијатива за гласање на недовреба на владата, ВМРО-ДПМНЕ ќе го бајпасира барањето на пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи – Зејд на иницијативата да ги нема потписите на пратениците од Левица, а сепак гласањето за недоверба на владата да се одржи во веќе закажаниот термин – утре.

Од најголемата опозициска партија велат дека техничката корекција не значи нова иницијатива за да повлече нови рокови за гласање. Од таму се децидни, утре ќе се гласа.

„Утре ќе се гласа недоверба на владата во оставка и на премиерот во оставка, Зоран Заев. Иницијативата останува, а Деловникот дозволува, истата, технички да биде корегирана без да бидат направени пореметувања во роковите за нејзиното гласање. Ќе направиме техничка корекција која што ќе даде простор на одредени пратеници, кои што имаа забелешки, да се пронајдат себе си во списокот и да гласаат против владата на заев“, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Техничката корекција на иницијативата, како што информираше Милошоски, е повлекување на потписите на дел од пратениците од иницијативата, што било договорено на координација меѓу политичките партии кои се потпишале на иницијативата. Според  информациите на Телма, освен потписите на пратениците на Левица, од списокот ќе се повлечат потписите на околу 20-на пратеници. Според информациите на Телма дописот до Собранието за повлекување на дел од пратениците од иницијативата треба да биде поднесено денеска, до крајот на работното време.

На прашањето дали е разговарано со претседателот на собранието за повлекување на потписи од иницијативата, Милошоски одговори:

„Секој надележен е известен и утре ќе има гласање кое што треба да се случи пред полноќ“.

Но иако претседателот на Собранието Талата Џафери, како што велта од ВМРО-ДПМНЕ, е веќе информиран за повлекувањето на дел од потписите од Кабинетот на првиот парламентарец – молк. Од таму денеска не можеше да се добие толкување за новиот развој на настаните околу иницијативата за гласање на недоверба на владата, поточно, дали измената ќе биде прифатена и утре ќе се гласа или таа ќе се толкува како нова иницијатива за која би течеле нови рокови.

Од Кабинетот на Џафери стигна само краток одговор:

„До овој момент не е доставено ништо ново и штом ќе има нешто ново ќе известиме“.

Телма побара толкување од упатени во работата на Собранието околу повлекувањето на дел од потписите од иницијативата за гласање на недоверба на владата, но според нив до сега немало ваков случај, но и дека и никаде во собранискиот Деловник не е уредено такво нешто.

За ВМРО-ДПМНЕ пак не постои пречка за повлекување на потписите. Од таму велат дека ако пратениците имаат право да се потпишат или да повлечат потпис од амандмани и закони, можат тоа да го направат и од иницијатива за гласање на доверба на владата.

Пратеникот Скендер Реџепи денеска не беше достапен за да одговори дали за него е прифатлива техничката корекција на иницијативата и сега ќе гласа за недоверба на владата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе