Доскорешната претседателка на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева утринава го нашла нејзиниот автомобил „зациментиран“ со пур пена.
Непознат сторител во текот на ноќта со градежен материјал кој служи за пополнување пукнатини ги прекрил хаубата и врата на нејзиниот автомобил.
Како што се забележува од фотографијата другите автомобили на паркингот не се оштетени.
Јанчева која живее во Аеродром, го прашува новиот градоначалникот Тимчо Муцунски, дали ова е чин на немоќ да се осигура безбедноста на граѓаните. во телефонска изјава за Телма таа вели дека вакви инциденти не и се случуваат првпат. Претходно нејзиниот автомобил бил изгребан со остар предмет, а исто така и биле избушени четирите автомобилски гуми.