Вести Македонија Најважни

Заев: На 31-ви вечерта потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа по завршувањето на Извршниот и Централниот одбор на партијата, во изјава за медиумите потврди дека останува на фукнциите за да помогне во одржувањето на парламентарното мнозинство, со цел истото да се зголеми.

„Денеска имаме сугестии од Централниот одбор за одложување на оставките. Ниту моите оставки се дискутираат ниту се одлучува по моите оставки од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми и таква е одговорноста кон државата и целиот наш народ и логично е да бидам посветен на овој процес. Немам ништо друго дополнително да додадам затоа што претседавачот на Централниот одбор ги соопшти одлуките на Централниот одбор и даде одговор на сите прашања. Важно е државата да не се врати повторно во минатото на кавги и дома и надвор, да ги загрози евро-интеграциските процес, секако важно е заради тоа што сме во време на пандемија сеуште, енергетска криза, денеска владата носеше сериозни одлуки за сите овие прашања, одговорноста на секој граѓанин но и на политичарите опстојува. Дефинитивно се работи за време на одложување заради обид да се сочува парламентарното мнозинство на страната на Социјал демократскиот сојуз на Македонија. Искрено очекувам дека парламентарното демократско мнозинство ќе се стабилизира, пред се тоа што е ориентирано за евроатланскиот пат, тоа што е ориентирано за мултиетничкото општество, тоа што е ориентирано за држење на добрососедските односи и тоа што е ориентирано кон позитивните реформи во државата и затоа се овие напори. Уште еднаш напоменувам вечерта на 31-ви кога ги објавив оставките од двете функции реков останувам периодот за да се посветам, да помогнам во одржувањето на парламентарното мнозинство, ако може тоа парламентарно мнозинство и да порасне. Деновите се пред нас секако тоа ќе го дознаеме сите.“ – изјави синоќа Заев, по завршувањето на состанокот на Централниот одбор на партијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе