Вести Македонија

Пратеникот Реџепи доби нова понуда: да стави потпис на список без Левица

Пратеникот Скендер Реџепи доби нова понуда: да го стави својот потпис на друг список, доколку не сака да го има на списокот со потписите на пратениците од Левица.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, од ковид-изолација, преку Фејсбук го повика Реџепи самиот да ги избере колегите кои би се потпишале на нова иницијатива за доверба на влада.

Реџепи одби да даде изјава за Телма. По синоќешниот состанок во партијата, во телевизиска емисија најави можност и да ја напушти Алтернатива.

Од партијата не сакаат да ги коментираат неговите изјави.

Велат дека тоа е негов личен став. Но, повторуваат дека,  раководството повторно ќе заседава деновиве, а каква одлука и да се донесе, треба да ја почитуваат сите пратеници.

Засега остануваат конзистентни на почнатиот процес за гласање на доверба на владата.

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, пак, обвини за притисоци и непристојни понуди кон пратениците потпишани на иницијативата, но не сакаше конкретно да го коментира ставот на Реџепи.

Откако беше поднесена иницијативата, во Собранието синоќа беше раздвижено до доцна.

Во канцеларијата на Џафери се држеа состаноци со  вицепремиерот Артан Груби, па со Ахмети и Заев.

На крај се сретнаа и Мицкоски и Ахмети, но од нивните партии имаат сосема различни видувања на тоа за што точно се зборувало на средбата.

Од ДУИ велат дека средбата била „информативна, за да се слушнат ставовите на Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот со Бугарија.“

Но, од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека „ништо од ова не е вистина“.

Според нив, полчасовната средба се одржала на барање на Ахмети, а тема на разговорот било прашањето за гласање на доверба на владата.

Единствени кои деновиве упорно молчат се БЕСА. Не се огласија ни по одлуката на Управниот суд, да нема прегласување во Желино, што беше и главната причина, нивните пратеници да стават потписи на иницијативата за доверба на влада.

Останува нејасно дали сега, откако исчезна причината, ќе ги повлечат потписите од иницијативата.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе