Култура

Изложба на тема идентитет во Монтажна галерија

Во Монтажна галерија (во паркот на Франкофонијата), в сабота (13.ноември), во 19 часот, ќе биде отворена првата самостојна изложба на Андреј Ѓоргиевски. Делата за тема го имаат прашањето на идентитетот и потребата за негово градење преку инклузивност.

Ѓоргиевски кој е на магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје , на изложбата ќе се претстави со 4 дигитални принтови на стакло, со големина 2 на 1 метар, со12 фотографии и скулптури.

Андреј Ѓоргиевски е роден во Скопје. Во 2013 завршил средно образование во гимназијата „ Орце Николов“ , а истата година се запишал на Високата Национална Школа за Архитектура во Лион- Франција. Во 2016 се вратил во Скопје, каде ги продолжил студиите на Архитектонскиот факултет.
Во склоп на студиите Ѓоргиевски изработува серија на визуелизации и покажува голем интерес кон аплицираните уметности.
Во 2020,  инспириран од недостатокот на јавни места за соработка помеѓу студентите, тој основал кооператив за ревитализација на јавни простори, со акцент на засолништа.

Неговата изложба во Монтажна галерија ќе биде отворена до 16 ноември, со можност да биде продолжена за посетителите уште една седмица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе