Вести Македонија

Мицевски од ковид-изолација со повик до Реџепи за нова интерпелација

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој е во изолација како позитивен на корона, упати преку фејсбук статус повик до пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи, кој најави дека поради Левица го повлекува потписот од иницијативата за гласање доверба на владата предводена од Заев.

Мицевски смета дека од петокот кога беа објавени 61-те потписи за иницијативата „власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско Собрание.“

-Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада! Колега Скендер Реџепи да го сочуваме достоинството на пратениците и затоа Ве повикувам  заедно да ставиме крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим и согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ, пишува Мицевски на својот фб профил.

Координаторот Мицевски е еден од тројца пратеници болни од корона во пресрет на четврточната седница на парламентот за разгледување на иницијативата за (не)доверба на владиниот кабинет.

Тој сепак најави дека во скафандер ќе излезе од изолација и ќе замине во Собрание да гласа за иницијативата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе