Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Голем инцидент во НБА- ланскиот МВП на лигата, Никола Јокиќ „патосираше“ ривал од Мајами по груб фаул

/

Кошарка

Сподели преку :

Србинот Никола Јокиќ, најдобриот играч на ланското НБА првенство и ѕвезда на тимот Денвер Нагетс ноќеска нападна противнички кошаркар на терен  среде игра.

Монкриф Морис од Мајами Хит е играчот кој прво грубо го фаулираше Јокиќ, а потоа свртен со грб кон Јокиќ беше нападнат и удрен од српскиот кошаркар.

На Јокиќ му следува суспензија за неспортскиот напад, а на мечот имаше одлична статистика и го предводеше Денвер до победа над ривалот. Последните 2 и пол минути ги помина надвор од теренот поради исклучување.

Иако имаже можност за дополнителни инциденти и физички судири на кошаркарите на двата тима, сепак судиите и резервите спречија општа тепачка.

Видеото од инцидентот на следниот линк.