За време на викендот на неговиот 15-ти роденден, Педро патува, но не се враќа. Неговиот татко – доктор Тео Гаделха (35) тргнува да го најде и да го врати дома.
Ненадејното и необјасниво исчезнување на неговиот син е последниот удар нво неговиот живот. Неговиот петнаесетгодишен брак со Бранка, доктор како него – беше во распаѓање.
Тео тргнува во потера по својот син, но ќе го најде својот татко, со кој не разговарал со години. Конечно, лице в лице со него, тој се гледа себеси во очите на неговиот татко, повторно го открива својот син и се помирува со жената што никогаш не престанал да ја сака.
ВО ПОТРАГА ПО СИНОТ (петок 19.11-22:40)
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.