Вести Македонија Топ вести

14 годишниот математички гениј Дамјан Давков ја доби наградата 8-ми ноември

Навистина скромноста ги краси големите луѓе и генијалци. Со громогласен аплауз 14 годишниот математички гениј Дамјан Давков ја доби наградата 8 ми ноември, која Штип ја доделува само на пет години.

Дамјан со своето знаење, наградите кои ги собира на сите натпревари и светски олимпијади секогаш го свртуваат вниманието на јавноста. Пред неколку месеци неговото семејство принципиелно ги одби сите донации од поединци и фирми, откако комисијата во ресорното министерство одби да му ја врачи наградата за државен првак по матетамика за средношколци, со образложение дека тој е ученик во деветолетка. Неговата мајка Никица Давкова вели дека Дамјан ја добива поддршката од институциите, она што по закон го следува.

Дамјан е мултиталентирано дете, а ваквите генијални деца се препознаваат уште во градинките смета тимот од наставниците и универзитетските професори, кои заеднички ги објавија прирачниците Математика низ игра, збор и разговор.

Математиката им е весела и лесна на децата во градинките, но кога ќе седнат во училишните клупи станува тешка. Годинава учебникот по матетматика за четврто одделение е дигитален, но и реформиран, а оваа наука низ практични примери е порпистапна за учениците. Анализите на Британската агенција за економија покажуваат дека на Европа до 2030 тата година ќе и бидат потребни два милиони луѓе кои ги знаат математичките вештини.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе