Вести Македонија Топ вести

Шилегов ја дочека Арсовска со букет цвеќе

Со букет цвеќе и желби за успех, поранешниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов ја дочека неговата наследничка Данела Арсовска. Арсовска седна во градоначалничката фотеља и во наредните 4 години ќе раководи со главиот град.На официјалното примопредвање на функцијата таа била запозната со сите отпочнати, а недовршени проекти .

Арсовска не даде изјава за медиумите и најави брифинг за среда.На локалните избори таа го победи Шилегов со  28 130 гласови повеќе.Во изборната кампања вети дека во првите 82 дена од мандатот ќе реализира 15 проекти, чистење на сите депонии, бесплатен јавен превоз, ветинг на директорите на јавните институции кои се под ингеренции на градот, ревизија на данокот на имот, намалување на цените на паркинзите,  а ќе се формира Зелен градски совет. Арсовска на изборите настапи како независен кандидат, а беше поддржана од ВМРО ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе