Филмот „ Вера го сонува морето“, работен како копродукција меѓу Косово, Македонија и Албанија“, победи на Интернационалниот филмски фестивал во Токио. Во конкуренција меѓу 15 филмови од целиот свет, филмот ја освои гран при наградата на фестивалот.
Се работи за дебитантски филм на режисерката Калтрина Красниќи од Косово, работен по сценарио на Дорутина Баша. Македонија е вклучена во филмот преку продукцијата „Дрим фектори“. Главната улога ја игра нашата актерка Теута Ајдини-Јегени, а учествува и Рефет Абази, во ликот на судијата Басри.
Филмот имаше светска премиера на годинашниот филмски фестивал во Венеција, каде освои две признанија од други институции- за автори под 40 години и за инклузивност.